Новиот бран санкции на Западот против Русија нема да помогне да се промени позицијата на Русија околу украинската криза. И не само тоа, овој чекор ќе доведе до поголемо мобилизирање на руското општество, смета Алексеј Зудивн, член на експертскиот совет при Институтот за социјално-економски и политички истражувања.
Во петокот Европската унија воведе нови санкции против Русија, ограничувајќи го пристапот на неколку руски компании кон пазарот на капитал.
Освен тоа, нови 24 лица се најдоа во новиот список санкции.
„Познато е дека западните држави сметаат на промена на позицијата и однесувањето на Русија под притисок на санкциите. Пред сѐ, се има предвид однесувањето кон конфликтот во Украина. Ако оваа цел е реална, тогаш треба да се признае дека со помош на санкциите однесувањето на Русија нема да се измени“, изјави Зудин за РИА „Новости“.
Што се однесува до мерките кои ќе ги преземе Русија, тие изгледаат далеку поорганизирано, смета експертот. Руските санкции се сведуваат на подобрување на позициите за руските произведувачи, појасни Зудин.
Исто така, политикологот забележа дека обидите на Русија да го нормализира конфликтот во Украина не се адекватно оценети од страна на западните држави. Фактот дека Западот повторно тргна да „разговара“ на јазикот на санкциите – ја принудува Москва повторно да биде сведок на влошување на односите, чиј иницијатор, секако, не е Русија, смета експертот. „Сето ова ќе доведе до мобилизирање на руското општество, сплотување и патриотизам. Излегува дека западните држави ќе добијат спротивен ефект“, додаде политикологот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче