Многу западни политичари и експерти се чувствуваат доста комфорно кога мислат дека руската економија „е пред колапс“, иако во реалноста тоа воопшто не е така, смета коментаторот на „Форбс“, Марк Адоманис, а пренесува РИА „Новости“.
Според мислењето на многу западни политичари, политиколози и новинари, Русија е „осудена на пропаст“ поради санкциите кои ги воведе против неа Европската унија и САД, пишува новинарот. Многу луѓе на Западот, конкретно американскиот претседател Барак Обама, сметаат дека Русија „ништо не произведува, дека не го поддржува приватниот бизнис и дека не е привлечна за живот“. Меѓутоа, голема е разликата од желбата на Западот да предизвика економски крах во Русија и реалната состојба на руската економија, смета коментаторот на „Форбс“.
Според мислењето на Марк Адоманис, сите западни стратегии се засноваат на претпоставката дека економијата на Русија наскоро ќе доживее Крах, и истите однапред се осудени на неуспех. Руските економски показатели во последно време не се сјајни, но не се ни катастрофални, а економијата на Русија во целина и понатаму бележи раст.
И покрај сите препреки, руската економија и понатаму се развива, макар и со побавно темпо. Како што исктанува Марк Адоманив, повеќето светски економски се уверени дека последиците од санкциите уште долго нема да се одразат на економскиот развој на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче