Расмусен: НАТО ја прекинува соработката со Русија

НАТО ја прекинува соработката со Руската Федерација. Ова го изјави генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен за време на состанокот со претседателот на Врховната рада на Украина, Александар Турчинов, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на Радата.

„Северноатлантската алијанса ја прекинува соработката со Руската Федерација, ја јакне колективната одбрана заради заштита на сите свои членови и донесе одлука да се зголеми нивото на поддршка и соработка со Украина“, изјави генералниот секретар.

Според неговите зборови, „на Украина ѝ се потребни сложени реформи, пред сѐ во сферата на војската“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња