Русија планира до крајот на летото да испорача во Ирак пет до десет борбени авиони Су-25, соодветно претходно потпишаниот договор меѓу двете држави, изјави за руските новинари амбасадорот на Русија во Ирак, Илја Моргунов.
„Договорот е потпишан во 2013 година, а испораката е планирана до крајот на летото во 2014, а можеби и порано. Вкупно, колку што мене ми е познато, планирано е да се испорачаат од пет до десет авиони. И не само авиони, туку и друга воена техника која ќе биде предадена на Ирак веднаш штом биде произведена“, изјави Моргунов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.