Во текот на истрага на дефектот на руската ракета-носач „Протон-М“, МВР на Русија покрена кривична постапка против член од „Центарот Хруничев“ за „намерно уништување или оштетување на туѓ имот“.
Правосудните органи сметаат дека ракетата паднала поради намерно оштетување.
Кривичната постапка е подигната врз основа на материјал од Федералната служба за безбедност, чии соработници се заинтересирале за инцидентот кој се случи во април 2013 година. Во текот на проверките на моторот на „Протонот“ биле пронајдени неколку неискористени алуминиумски пломби. Тогаш со помош на полиграф биле тестирани 15 соработници од „Центарот Хруничев“, каде се прави „Протонот“. Детекторот за лаги покажал дека некои соработници намерно нанеле штета.
Првиот дефект и пад на ракетата се случи во јули 2013 година. Ракетата со 3 сателити ГЛОНАСС експлодираше и падна веднаш после лансирањето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче