Првиот вицепремиер на Русија, Игор Шувалов, не ја исклучува можноста за создавање во иднина на финансиска валутна унија во рамките на Евроазискиот економски сојуз, пренесува РИА „Новости“.
„Треба до крај да го доведе создавањето на економската унија. Ќе започнеме од 1 јануари 2015 година, и ќе ни бидат неколку години за да реално дојдеме до потребната слобода. Понатаму треба сериозно да се запрашаме за создавањето финансиска унија, или можеби и валутна“, изјави тој.
Претходно претседателите на Русија, Белорусија и Казахстан го потпишаа договорот за создавање на Евроазиска економска унија. Документот се очекува да биде ратифициран од парламентите на Русија, Белорусија и Казахстан до крајот на годината, и од 1 јануари 2015 година Евроазиската унија ќе започне да функционира.
Новата унија се
создава за да се зацврстат економиите на земјите-учеснички, како и заради нивно
зближување и модернизирање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче