Русија нема да го промени својот став кон Крим

Русија не планира да го менува ставот кон приклучувањето на Крим и Севастопољ, без разлика на хистеријата која се наметнува од низа држави во светот, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Русија не планира да го менува ставот кон приклучувањето на Крим и Севастопољ, без разлика на хистеријата која се наметнува од низа држави во светот, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Освен тоа, според неговите зборови, сите обврски во врска со овие региони ќе бидат исполнети.

Медведев нагласи дека влегувањето на Крим во составот на Русија го поддржуваат најголемиот број Руси и жители на Крим.

Во средината на март на Крим беше одржан референдум на кој граѓаните го поддржаа приклучувањето на Крим кон Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња