Русија ќе му испорача на Иран сателити и ќе ги обучи иранските космонаути

Русија е подготвена да одговори на санкциите на САД против компаниите од космичкиот сектор со тоа што кардинално ќе ја прошири соработката со Иран, пренесува „Известија“.

Русија е подготвена да одговори на санкциите на САД против компаниите од космичкиот сектор со тоа што кардинално ќе ја прошири соработката со Иран, пренесува „Известија“.

Според информациите од весникот, „Роскосмос“ постигнал договор за соработка со Иранската космичка агенција. Списокот на правци и соработка е максимален: од лансирање на ирански сателити со руските ракети, па до обука на иранските космонаути во Центарот за подготовка на космонаути во подмосковскиот Ѕвезден Град.

Иранските партнери најмногу ги интересираат системите за далечинско сондирање на Земјата. Тие сакаат да купат руски снимки од Земјата, а заинтересирани се и за создавање на сопствен систем за далечинско сондирање на Земјата со помош на руските компании. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња