На Крим државното знаме на Руската Федерација го подигнаа 72 воени единици и установи на вооружените сили на Украина, а меѓу нив и екипажите на 6 воени бродови и 25 помошни бродови на украинската воена морнарица, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на „Криминформ“.
„Командирите и одговорните на 72 воени единици, установи и екипажи на Министерството за одбрана на Украина донесоа одлука доброволно да преминат од редовите на вооружените сили на Русија, каде ќе ја продолжат својата служба“, соопшти раководството на Република Крим.
„Во тие гарнизони и на бродовите денес во свечена атмосфера беше извршено постројување на војниците и подигање на знамето на РФ, како и интонирање на химната на Руската Федерација“, соопштено е на новинарите од страна на раководството на Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче