МОК ја пофали работата на Антидопинг лабораторијата во Сочи

Медицинскиот директор на Меѓународниот олимписки комитет, Ричард Баџет, високо ја оцени Антидопинг лабораторијата во Сочи.

Медицинскиот директор на Меѓународниот олимписки комитет, Ричард Баџет, високо ја оцени Антидопинг лабораторијата во Сочи.

Оваа висока оцена посебно е важна за Русите, бидејќи во ноември 2013 година Дисциплинскиот комитет при Светската антидопинг агенција го прогласи московскиот Антидопинг центар, чија филијала работи во Сочи, за недоволно подготвен и препорача да му се одземе лиценцата.

„Беа вложени големи напори, вклучувајќи ја и работата на експертите од Москва, за да се обезбедат сите услови за работа на Олимписките игри во 2014 година. Лабораторијата во Сочи за време на натпреварите работи беспрекорно“,изјави Баџет. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња