На улиците на Санкт Петербург ќе биде доловена атмосферата од опсадата на Ленинград

По повод одбележувањето на 70-годишнината на првото пробивање на опсадата на Ленинград, во Санкт Петербург ќе биде организирана изложба на отворено која треба да ја долови атмосферата на блокадата на Ленинград, пренесува „Известија“.

По повод одбележувањето на 70-годишнината на првото пробивање на опсадата на Ленинград, во Санкт Петербург ќе биде организирана изложба на отворено која треба да ја долови атмосферата на блокадата на Ленинград, пренесува „Известија“.

На Италијанската улица и на плоштадот Манеж ќе има различни предмети и возила од времето на Втората светска војна: противавионски артилериски орудија, противтенковски орудија и камени противтенковски препреки, вреќи со песок, тролејбус и трамвај од 40-те години.

Планирано е на оние места каде во текот на блокадата се одвивал културниот живот да бидат отворени театри, кина и концертни сали во кои ќе се прикажуваат специјални претстави и ќе се организираат различни меморијални програми, изјави организаторот на проектот и директор на театарот „Балтички дом“, Сергеј Шуб.

Музејот на одбраната и блокадата на Ленинград на изложбата ќе претстави оригинални фотографии и документи од времето на Втората светска војна. Посетителите на изложбата исто така ќе можат да видат дневна порција леб за невработените граѓани на Ленинград есента во 1941 година - само 125 грама леб.

После завршетокот на програмата во рамките на изложбата на отворено, граѓаните на Санкт Петербург на 25 јануари во Театарот на музичката комедија ќе можат да присуствуваат на „Блокадниот концерт“. Првиот дел од концертот ќе биде посветен на ленинградските композитори кои компонираа дела за војната и блокадата, а во вториот дел ќе бидат прикажани претстави кои биле давани во окупираниот Ленинград. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња