Руските парламентарци се подготвени да учествуваат како набљудувачи за време на изборите во Сирија, пренесува „Интерфакс“.
„Руските парламентарци имаат големо искуство како меѓународни набљудувачи, и ние денес на средбата со претседателот на Сирија, Башар Асад изјавивме дека сме подготвени да го прифатиме учеството како меѓународни набљудувачи на изборите за претседател на Сирија“, изјави пратеникот Александар Јушенко.
Претходно стана познато дека Башар Асад ќе земе учество на новите претседателски избори.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче