Американските групи Korn и Soulfly ќе заминат на заедничка турнеја по Русија во мај 2014 година, изјавија за РИА Новости организаторите на турата, компанијата T.C.I.
Турнејата ќе биде посветена и на излегување на новите албуми на двата колектива. Korn го издадоа својот 11 албум The Paradigm Shift во октомври, а деветтиот албум Savages ба групата Soulfly излезе во септември.
Концертите ќе започна во петербуршкиот клуб „А2“ на 13 мај, па ќе продолжат на московскиот Stadium Live на 15 мај, а после музичарите ќе настапат во Киев на 16 мај и Минск на 17 мај. Понатаму ќе одржат концерти во Краснојарск, Новосибирск, Екатеринбург, Уфа, Нижни Новгород, Воронеж, Ростов на Дон и Краснодар.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче