Пушков: Сириската опозиција во целост зависи од надворешната поддршка

Шефот на комитетот во Државната Дума за меѓународни работи, Алексеј Пушков, смета дека сириската опозиција во целост зависи од надворешната поддршка и дека зад секој нејзин чекор „стојат интереси на нејзините спонзори“.

„Сириската опозиција не е самостојна. Таа целосно зависи од надворешната поддршка. Зад секој нејзин чекор стојат интересите на нејзините спонзори... Неколку земји се надеваат дека ќе ја саботираат конференцијата „Женева-2“. Одовде и одбивањето на Сирискиот национален совет да учествува во неа. Ќе има и други обиди“, напиша тој на својот Твитер во понеделникот.

Главната политичка сила на сириската опозиција - Сирискиот национален совет - во понеделникот изјави дека не намерува да учествува во претстојните преговори со низа западни земји на конференцијата „Женева-2“, посветена на регулирањето на сириската криза. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња