За време на одржувањето на зимските Олимписки игри во Сочи во 2014 ќе бидат забранети митинзите и демонстрациите кои не се поврзани со Олимпијадата, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Од 7 јануари до 27 март во Сочи ќе бидат забранети митинзите и демонстрациите кои не се поврзани со Олимпијадата“, пренесе началникот на центарот за врски со јавноста при Федералната служба за безбедност на Русија, Николај Захаров.
Захаров додаде дека за време на одржувањата на Олимпијадата ќе биде забранета и продажбата на оружје, носење на оружје, експлозивни средства кои се користат во индустриски цели.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче