На церемонијата на отворањето и затворањето на Олимпијадата во Сочи ќе бидат ангажирани 3.000 луѓе

Во масовните сцени на церемонијата на отворање и затворање на Олимпијадата и Параолимпијадата во Сочи ќе земат учество најмалку 3.000 луѓе.

Во масовните сцени на церемонијата на отворање и затворање на Олимпијадата и Параолимпијадата во Сочи ќе земат учество најмалку 3.000 луѓе. Организацискиот комитет на „Сочи 2014“ го заврши кастингот за учесниците во масовните сцени. Селекцијата е организирана во неколку градови во Русија: Москва, Санкт Петербург, Краснодар, Новоросијск и Армавир.

Студентите и членовите на уметничките и циркуските трупи ќе бидат ангажирани во масовните. Околу 2.000 волонтери ќе помагаат во организацијата на свеченостите на сцената, зад кулисите и на просторот на Олимпискиот парк. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња