Руската војска ја нарача првата партија „шкорпиони“

Министерството за одбрана на Русија на саемот за оружје „Russia Arms Expo 2013“ посебно се заинтересира за „шкорпионите“ кои беа прикажани, и планира во следната година да ја набави првата партија, соопшти главниот конструктор на корпорацијата „Заштита“, Дмитриј Митрјајев.

Специјалниот теренец „Скорпион 2М“ е наменет за превоз на луѓе, и тоа по непристапен терен, за превоз на товар, влечење приколка, евакуација и превоз на ранети. Возилото има носивост од 1 тон. Модуларните каросерии се предвидени за превоз до 8 особи.

Главниот конструктор на корпорацијата „Заштита“ истакна дека „шкорпионите“ посебно се издвојуваат по тоа што се опремени со вооружување од фабриката „В. А. Дегтјаров“. Возилото без вооружување не би привлекло толку внимание, и овој саем уште еднаш потврди дека со добро вооружување имам многу повеќе заинтересирани купувачи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња