Новиот руски вселенски брод доби најсовремена топлотна заштита

Пилотираниот транспортен вселенски брод од новата генерација (ПТКК НП), создаден во Русија, треба да добие најсовремена топлотна заштита каква што не постои во светот, пренесе Владимир Пирожков, претседател на Центарот за индустриски дизајн и иновации во Националниот истражувачки технолошки универзитет „Московски институт за челик и легури“.

„На ПТКК НП за прв пат се применува иновативен систем за термичка заштита на корпусот. Ракетно-космичката корпорација „Енергија“ создаде целосно нов материјал со уникатни својства за топлотна заштита, со што  може да се обезбеди безбедно поминување на бродот низ густите слоеви на атмосферата на Земјата“. Истакна Пирожков.

Макетата на ПТКК НП во природна големина за прв пат е претставена на МАКС-2013. Првото пробно лансирање на бродот во беспилотен режим е планирано за 2017 година или најкасно на почетокот на 2018, а летот со човечки екипаж е предвиден за 2020 година. Вселенскиот брод од новата генерација е наменет за повеќе употреби, поточно до десет летови на Меѓународната вселенска станица и на Месечевата орбита. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.