Радиобрановите на новите станици се способни да ја затворат Русија од небото, морето и земјата

Министерството за одбрана започна со замена на земните радиолокациски системи за навигација РДСН-10 со нови комплекси - „Скорпион“.

Министерството за одбрана започна со замена на земните радиолокациски системи за навигација РДСН-10 со нови комплекси - „Скорпион“. Во случај на војна тие земни системи за определување на координатите ќе ги заменат космичките - GPS и ГЛОНАСС. Програмата за обновување на овие системи треба да заврши до 2020 година. Досега се променети три системи на територијата на Русија.

„За време на воени дејства, сите сателитски сигнали кои доаѓаат од вселената активно ќе бидат ’заглушувани’ од т.н. ’бел шум’“, изјави за „Известија“ претставник на Рускиот институт за радионавигација и време, Јуриј Купин. Во војските на Русија и САД и уште неколку држави - има авиони со специјална опрема кои се способни да ги блокираат со шумови сите радиобранови. „Скорпионите“ треба да играат улога на замена за ГЛОНАСС во состојба на војна.

Сегашните системи во функција во Русија се создадени уште во 40-те, 50-те години во минатиот век. Поради застареноста на опремата и скапото одржување, РСДН-10 практично не се користат, повеќето станици се уништени.

РСДН се создавани од научници во друго доба. Денешните „Скорпиони“ се способни да обезбедат голема зона на дејство (1.000 километри, наспроти 600 километри кои ги обезбедуваат РСДН). „Скорпионите“, за разлика од постарите станици, се способни автоматски да ги триангулираат параметрите за сигналот, можат да се управуваат од само едно место, и најважно - можат да ги “заглушат“ сите други радиосигнали. Уште една предност на „Скорпионите“ е можноста за синхронизација со станиците ГЛОНАСС, што дополнително ја зголемува нивната ефективност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.