СЦИОМ: Русите не сакаат да земаат кредити

Нивото на кредитна доверба на Русите во последниве шест месеци се намалила: индексот е намален од 37 на 34. Оваа информација ја пренесува СЦИОМ (Серуски центар за изучување на општественото мислење) после извршената анкета.

Индексот на кредитна доверба покажува колку благонаклони се Русите кон земање нови кредити. Намалувањето на индексот е предизвикан од тоа што повеќето жители сметаат дека сега не е најдобар момент да се земаат кредити.

Потрошувачката доверба на анкетираните е исто така падната. Повеќето Руси сметаат дека ова не е време за правење крупни зделки.

Анкетата е извршена на 8 и 9 јуни годинава, а во неа учествувале 1.600 луѓе во 130 населени места во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња