Сноуден сонува за живот во Русија, Америка сака да го врати дома

Сноуден не сака да се врати.

САД бара од Русија образложение за статусот на поранешниот агент на ЦИА Едвард Сноуден, изјави за новинарите портпаролот на Белата Куќа, Џеј Карни.

Според зборовите на Карни, американските власти и понатаму инсистираат Русите да го испорачаат Сноуден, кој од 23 јуни се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметево.

Во меѓувреме, Сноуден изрази желба да живее и работи во Русија. Сеуште се разгледуваат документите за привремен азил на Сноуден во РФ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња