Русија ќе го повтори лансирањето на ''Протон'' во септември

Возможно е повторно лансирање на ракетата-носач ''Протон-М'' .

Возможно е повторно лансирање на ракетата-носач ''Протон-М'' по завршувањето на работата на вонредната комисија, изјави заменикот на Роскосмос, Александар Лопатин.

''Мислам дека до септември ќе ја завршиме оваа работа'', - рече тој.

Лансирањето на ''Протон-М'' беше запрено по експлозијата на 2 јули, кога ракетата со три навигациски сателити ''Глонас-М'' падна и експлодира десет секунди по лансирањето. Причина за оваа несреќа е неправилна инсталација на сензорот за аголна брзина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња