Министерот за надворешни работи на Република Фиџи, Иноке Кубуабола изјави дека војниците на мировниот контингент на оваа земја, кои кон крајот на јули ќе отпатуваат на Голанската висорамнина, ќе добијат руска опрема. Тој истакна дека „порано ваквата опрема морало да се изнајмува, што било релативно скапо“, пренесува рускиот весник „Известија“.
„Војниците од Фиџи највеорјатно ќе добијат нови комплети од најновата руска опрема која во моментов се наоѓа во фаза на тестирање“, претпоставува воениот експерт Дмитриј Литовкин. Според неговите зборови, можно е војниците од Фиџи да добијат оружје од последната генерација: нова извозна варијанта на митралезот „Печенег“, како и извозната варијанта на автоматската пушка „Калашников“, која има калибар кој одговара и за муницијата на НАТО.
Експертите истакнуваат дека Русија никогаш порано не ги опремувала странските контингенти со руска опрема, и дека овој чекот може да послужи како добра реклама за руската опрема.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче