Продажбите на таблети во Русија во првите шест месеци пораснаа за 2,5 пати

Според информации на Digit.ru, продадени се 2,6 милиони парчиња во Русија од почетокот на 2013 па до сега.

Продажбата на таблет-компјутери во Русија во првите шест месеци од 2013 година е зголемена за 2,5 пати во споредба со истиот период минатата година. Според информации на Digit.ru, продадени се 2,6 милиони парчиња во Русија од почетокот на 2013 па до сега.

Продажбата на таблет-компјутери во за овој период им донесе приход од речиси една милијарда долари на руските дилери, покажувајќи раст од 131%. Средната цена на таблет-компјутерите во Русија продолжува да паѓа, и изнесува околу 16.000 денари.

Најмногу продадени таблети во Русија, за изненадување, има Samsung, кој зазеде 25% од пазарот. Минатата година на пазарот лидираше Apple,  чиј удел на пазарот се намали од 34% на 19%. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.