Конференцијата за Сирија уште не почнала, а веќе пропадна

Преговорите на шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров со државниот секретар на САД, Џон Кери во Брунеите во јавноста внесоа јасност за клучните проблеми на руско-американските односи.

Преговорите на шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров со државниот секретар на САД, Џон Кери во Брунеите во јавноста внесоа јасност за клучните проблеми на руско-американските односи. Во Москва и Вашингтон веќе се помирија со пропаста на иницијативата за спроведување на меѓународна конференција за Сирија - „Женева 2“ - и сега решаваат како тоа да го објават. Освен тоа, властите на Русија веќе знаат каков одговор да дадат на неодамнешниот предлог на Барак Обама за радикално намалување на нуклеарните арсенали на двете држави: Москва ја смета оваа иницијатива за фарса, со што ја отфрла.

Седмата по ред средба на Лавров со Кери беше посветена на Сирија, како и сите претходни средби. Сепак, ако порано шефовите на дипломатиите на двете држави пројавиле оптимизам по повод перспективите на дипломатското разрешување на сирискиот конфликт, сега расположението е променето. Причината се наоѓа во тешкотиите кои се појавија при подготовката на меѓународната конференција за Сирија: досега не е усогласена ниту датата за одржување на „Женева 2“, ниту нејзините учесници.

Според Лавров, заклучоците од преговорите во Брунеите се дека Американците не се откажуваат од обидите „да ја консолидираат сириската опозиција врз основа на женевско коминике“. Освен тоа, според извори блиски до руската делегација, „САД се повикуваат на идејата за одржување конференција, иако во реалноста тие немаат никаков интерес истата да се одржи. Доказ за тоа е и снабдувањето со оружје на сириската опозиција од страна на САД. И друг учесник во преговорите е против конференцијата - тоа е Саудиска Арабија“, изјави изворот и резимираше: „сега се игра дипломатска игра кој попрво ќе објави за пропаста на иницијативата за одржување на конференцијата“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња