Учениците кои во Русија го полагаа Единствениот државен испит (ЕДИ), поднесоа преку 80.000 жалби за резултатите на испитот. Меѓутоа, од нив уважени се само 20%. „Тоа покажува дека во целина, испитните комисии работеле многу добро и на адекватен начин ги прегледале тестовите“, изјави Евгениј Семченко, секретар на работната група при Министерството за образование и наука за спроведување на информативната кампања за ЕДИ.
На ЕДИ, кој се полагаше од 27 мај до 19 јуни, излегоа речиси 800.000 ученици, меѓу кои 754.000 матуранти. За време на полагањето на испитите во различни региони во Русија, пристига информација за неправилност, како што се објавување на решенијата на Интернет пред почетокот на испитот, или користење на мобилни телефони. Имало и обвинувања и кон организаторите, кои ги прекршиле правилата при полагањето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче