Во Русија ќе се произведуваат делови за Airbus

Договорот со руската компанија и Airbus вреди 4 милијарди долари.

Руската компанија за челик „ВСМПО-Ависма“, најголемиот произведувач на титаниум во светот, ќе ги снабдува со резервни делови авионите на Airbus.

Европскиот концерн за авиони склучи договор со оваа корпорација од Урал за испорака на метал за авионот А-350-1000. Тој е по требен за елементите кои се наоѓаат во крилјата и основната шасија. Претходно оваа претпријатие склучи сличен договор, но за потребите на А-350-900. Руската компанија е главен дистрибутер на титаниум за Airbus. Таа обезбедува повеќе од 60% од потребите на Airbus кога е во прашање титаниумот.

Договорот со руската компанија и Airbus вреди 4 милијарди долари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња