Од 1 септември се воведува задолжителна училишна униформа во руските училишта

Министерот замоли посебно внимание да се посвети на поддршката на сиромашните семејства, како и тоа униформата да не претставува претеран товар за семејниот буџет.

Од наредната училишна година во сите руски училишта ќе биде задолжително носењето на училишната униформа, потсети министерот за образование и наука на Русија, Дмитриј Ливанов.

„Очекуваме сите региони до 1 септември да донесат прописи за изгледот на училишната униформа. Од 1 септември во сите училишта учениците ќе мораат да носат униформи“, рече Ливанов на серуското советување на раководителите на органите на извршната власт од субјектите на Русија во областа на образованието.

Министерот замоли посебно внимание да се посвети на поддршката на сиромашните семејства, како и тоа униформата да не претставува претеран товар за семејниот буџет. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња