Руските академици бараат затворање на катедрата за теологија на Московскиот инженерско-физички институт

Оваа недела преку Интернет е започнато собирање на потписи против катедрата за теологија отворена во Московскиот инженерско-физички институт (МИФИ), во која се образуваат идните експерти за нуклеарна енергија.

Оваа недела преку Интернет беше започнато собирање на потписи против катедрата за теологија отворена во Московскиот инженерско-физички институт (МИФИ), во кој се образуваат идните експерти за нуклеарна енергија.

Повод за тоа е писмото од 91 академик и дописни членови на Руската академија на науки кое деновиве се најде на Интернет. Членовите на РАН истакнуваат дека во другите земји постојат слични катедри или на приватните универзитети, или тие се појавиле како последица на повеќевековната традиција. „Појавата на ваква катедра во модерниот политехнички универзитет е во спротивност со Уставот на Русија (член 14), со праксата во светот и со здравиот разум“, кажуваат потписниците. Научниците бараат веднаш да се прекине работата на таа катедра, како и финансирањето на верската дејност од средствата на образовните институции.

Според милењето на еден од потписниците на петицијата, академикот Валериј Рубаков, теологијата нема никаква врска со нуклеарниот универзитет и нуклеарната физика: „Доколку некој студент го интересира религијата, тој може да чита книги за тоа, да оди во црква или на соодветни предавања. Аргументот за тоа дека младите малку знаат за религијата и дека треба да се учат - звучи доста чудно. По таа логика ние треба на техничките универзитети да отвориме и катедри за историја на уметноста, а на општествените - отсеци за физика, биологија и хемија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња