Рускиот „ловец“ Т-50 ги надмина очекувањата

Сериското производство на Т-50 ќе започне во 2015.

Сѐ уште траат испитувањата на прототипот на рускиот ловец од петтата генерација - Т-50, познат и како „Перспективен авио комплекс“, проектиран од „ОКБ Сухој“. После 500 направени летови, проектантите кажуваат дека авионот ги надминал дури и нивните очекувања.

Тест пилотот на Т-50, Сергеј Богдан, изјави дека компјутерската опрема и вградениот „вештачки интелект“ во авионот обезбедуваат сигурност и безбедност за време на летот.

Проектантите напомнуваат дека брзината и маневарските способности на авионот се поголеми од оние на американскиот F-200 Raptor. Завршниот слој го прави Т-50 сосема „невидлив“ за радарите.

Сериското производство на Т-50 ќе започне во 2015. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња