Партнерот на организацискиот комитет на Зимската олимпијада 2014 во Сочи - компанијата Jet Set Sports започна со продажба на карти за Игрите заедно со сместување во хотел. Цената на пакетот се движи од 2.500 до 21.000 долари.
На пример, полуфиналето, финалето и натпреварот за трето место во хокеј со сместување во хотел со три ѕвездички ќе чини околу 8.300 долари по лице, а 13.900 долари за две лица.
Најскапиот пакет, кој ги вклучува сите натпревари по уметничко лизгање, церемонијата на затворање на Игрите и спиење во хотел со четири ѕвездички чинат 21.000 долари за две особи.
Зимските олимписки игри 2014 ќе се одржат во Сочи од 7 до 23 февруари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче