87% од корисниците на Интернет во Русија секој месец играат компјутерски игри - средната возраст на играчот на игри изнесува околу 34 години, а повеќето од нив - се жени, покажуваат резултатите од истражувањето „Пазарот на игри во Русија“ спроведено од Mail.Ru Group.
Компјутерите се најпопуларни уреди на кои се игра, но расте популарноста и на паметните телефони и таблетите како уреди на кои се играат игри. 50% од корисниците користат и компјутер и паметни телефони за играње игри.
Конзолите за игри (28%) се најмалку распространети, а нивното поседување е директно поврзано со приходот на играчот. Најпопуларна играчка конзола во Русија е PlayStation (47% од оние кои поседуваат конзоли го купиле овој уред), додека најмалку среќавани во Русија се конзолите на Нинтендо.
Меѓу оние кои играат игри - 54% се жени, а 46% - мажи. Жените повеќе сакаат социјални игри, додека мажите сакаат стратегии, игри кои се играат од прво лице.
Според податоците од истражувањето, повеќето од оние кои играат игри трошат третина од своето слободно време за тој вид активност.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче