Според податоците од анкетата на Левада-центар, 41% од Русите го сметаат Владимир Путин за „идеален или близу до идеален“ претседател. Ова го пишува „Комерсант“.
Според мислењето на 6% од испитаниците, Путин без никакви забелешки одговара на претставите и барањата кои ги има граѓанинот. 46% од Русите не се согласни со тоа.
62% од Русите се согласни дека претседателот „е свесен за она што се случува во државата“. 61% сметаат дека претседателот има „добра стратешка гледна точка за проблемите во државата“, а 45% сметаат дека Путин внимателно се однесува кон потребите на граѓаните.
41% од Русите сметаат дека Путин „жестоко се однесува со потчинетите“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче