Експертите на СЦИОМ претставија како се променил односот кон луксузот кај Русите за последниве 10 години. За да се смета човек за богат, потребен е доход поголем од речиси 4.000 евра месечно на член во семејството, сметаат Русите. Ова го изјави генералниот директор на Серускиот центар за изучување на општественото мислење, Константин Абрамов.
Кај Русите е променет и односот кон богатството и сиромаштијата. Двојно е поголем бројот на тие кои веруваат дека се подобрил квалитетот на животот – ако во 2001 година само 13% сметале дека нивниот живот е подобар, во 2013 тој процент е зголемен на 29%. Притоа, 44% од Русите имаат во семејството еден или повеќе автомобили. Русите го планираат својот буџет од 3 до 5 месеца.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче