Кон крајот на мај Министерот за земјоделство. Николај Фјодоров, ги повика руските произведувачи на храна да го зголемат извозот на готови продукти во европските држави: „Русија треба да се стреми да испорачува во странство и готова продукција“.
Сега во Европа од Русија се најмногу се испорачува замрзната риба, морски продукти и пченица. Според податоците на Федералната царинска служба, во периодот меѓу јануари-март 2013 година Руската Федерација експортирала во другите земји земјоделски и други продукти за сума од 3,2 милијарди долари. Тоа се само 1,9% од вкупниот извоз на Русија. Министерството за земјоделство сака да ја промени оваа слика.
Зголемувањето на извозот Русија може да го започне со продуктот кој претставува препознатлива марка за Русија - вотката. Засега се извезуваат околу 5 милиони декалитри вотка годишно, од кои 1 милион ги извезува „Руски стандард“, извозно најориентираната од сите компании кои произведуваат алкохол во Русија.
Освен вотката, добри перспективи за извоз има и брашното (преработеното зрно), зејтинот, путерот и продуктите добиени од преработка на шеќерна репка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче