Јапонски авиони летнаа да пресретнат руски авион

Тревога во Јапонија. Јапонски авиони летнаа поради руски авион.

Рускиот противбродски авион Ил-38 изврши лет вдолж централниот дел на јапонскиот остров Хонсу од страната на Јапонското море, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на министерството за одбрана на Јапонија.

Во извештајот е забележано дека авиони на воено-воздушните сили на Јапонија биле кренати во воздух после тревогата, и покрај тоа што немало нарушување на воздушното пространство.

Во април ловци на ВВС на Јапонија летнаа да пресретнат два руски патролни авиона Ту-142. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња