Приходите на печатените медиуми во Русија отидоа во минус

Приходите на руските печатени медиуми за прв пат во минус. Причина - забраната за рекламирање на алкохол.

Во првиот квартал годинава за реклами во печатените медиуми потрошени се околу 12 милијарди денари - за 5% помалку отколку во истиот период минатата година, пресметаа експертите во Асоцијацијата за комуникации на Русија. Печатените медиуми се единствените медиуми чии приходи од почетокот на годината се намалија. Целиот пазар на реклами за првите три месеца ода оваа година порасна за 14% на околу 100 милијарди денари.

Главната причина за падот на приходите кај печатените медиуми е забраната за рекламирање алкохол, која е на сила од јануари, кажува експертот во аналитичкиот центар „Видео интернешенл“, Александар Ефреммов.

Рекламата за алкохол им носел до 5% од приходот на весниците, додека на списанијата - до 20%.

Издавачите не очекуваат подобрување на ситуацијата во вториот квартал. Од јуни во весниците и списанијата ќе се појави нова забрана - за рекламирање цигари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња