Ракетниот брод на воздушна перничка од проектот 1239 „Бора“ се најде во центарот на вниманието на сите воено-морски специјалисти кои се собраа на салонот IDEF-2013 во Истанбул.
Бродовите од проектот 1239 (создаени се само два) станаа вистинска сензација во Истанбул. Тие се замислени како ударни ракетоносачи, способни за пробивање на заштитата на носачите на авионите и потопување на истиот. За прв пат во светот на ваков брод (на воздушна перничка) се најдоа 8 тешки ракети против бродови.
Ракетниот носач од проектот 1239 има уникатни карактеристики. Тој може да се движи со брзина од 20 јазли, додека со активирана воздушна перничка може да постигне неверојатна брзина до 50 јазли на вода. Неговиот мотор има моќност од 56.000 коњски сили. Додека функционира како брод - тој е воден од два дизел-мотора од по 10.000 коњски сили, а во режим на воздушна перничка - два турбо мотора со моќност од 36.000 коњски сили.
Осумте ракети „Москит“ можат да уништат било каков вид современи бродови, вклучувајќи ги и носачите на авиони. Постигнувајќи брзина од 50 јазли (91 км/ч) - тој практично не може да биде гаѓан од оружјата на бродовите кои ги чуваат носачите на авиони, како и од самиот носач на авиони.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче