Руски воен брод плови кон Сирија

Руски брод ќе заплови во сириско пристаниште.

Големиот десантен брод „Александар Шабалин“ од Балтичката флота на Русија отплови од Новоросијск и плови кон Сирија со опрема за руската база таму, соопштено е на прес-службата на Министерството за одбрана на Руската Федерациај.

„После излезот од Црното море ’Александар Шабалин’ ќе зазеде курс накај сириското пристаниште Тартус“, изјави воениот ресор во петок. На 17 април бродот ќе го напушти пристаништето и ќе продолжи со извршување на задачата во составот на руската флота во Средоземното море. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња