Поддршката на автомобилската индустрија и понатаму ќе биде една од главните стратешки цели на владата на Русија, изјави премиерот Дмитриј Медведев.
„Ние и понатаму треба да ја поддржуваме оваа индустриска гранка, но ќе се задржиме и на нашите меѓународни обврски кои доаѓаат од нашето членство во СТО“, изјави премиерот.
Бројот на продадени автомобили во Русија се намалува, забележа Медведев. „Треба да се анализира зошто тоа се случува. Или пазарот веќе е заситен, или има други причини“, додаде Медведев.
Медведев изјави дека сериозно размислува да покрене кампањи за премин кон користење на гасни системи во автомобилите.
Автомобилската индустрија во Русија директно и индиректно вработува 1 милион работници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче