Русија ќе ја зголеми квотата за прием на руските факултети на матуранти од ЈАР, изјави претседателот Владимир Путин за време на преговорите со својот колега од ЈАР, Џејкоб Зума во рамките на самитот на БРИКС во Дурбан. Засега оваа квота е ограничена на само пет места.
„Приоритет за Русија и ЈАР е општествената соработка – културни и образовни размени, подготовка на квалифицирани кадри“, забележа Путин.
Претседателот на Русија изрази задоволство од одржаните преговори, оценувајќи ги како „деловни и конструктивни“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче