Москва повикува што е можно побрзо да се возобноват шестостраните преговори за нуклеарната програма на Северна Кореја, соопшти министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
„Русија ги повикува сите заинтересирани страни за воздржаност и сака заедно со другите учесници на шестостраниот процес да не ги ослаби позициите околу нормализирањето на ситуацијата на полуостровот со политичко-дипломатски средства“, се кажува во соопштението.
Лавров додаде дека официјалниот став на Москва е дека извршените тестови во Северна Кореја на 12 февруари нема да доведат до ескалација на напрегнатата ситуација во регионот.
Претходно МНР изјави дека властите на Северна Кореја, изведувајќи нови нуклеарни тестови, ги игнорирале нормите на меѓународното право и решенијата на Советот за Безбедност при ООН. Москва настојува „Северна Кореја да ги прекине противправните дејства, да ги исполнува сите одлуки на Советот за Безбедност при ООН, целосно да се откаже од нуклеарната програма“, со што државата конечно ќе излезе од фактичката меѓународна изолација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче