Поранешниот гитарист на групата Guns N'Roses и Velvet Revolver ќе настапи во Москва и Санкт Петербург, соопшти во саботата Интерфакс, надоврзувајќи се на зборовите на организаторите на настанот. На 16 февруари тој ќе настапи во Москва во клубот „Арена Москва“, а на 17 февруари ќе настапи на сцената во клубот „А2“ во Санкт Петербург.
Слеш ја напушти групата Guns N'Roses во 1994 година поради недоразбирања со вокалистот Аксел Роуз. После заминувањето тој настапуваше со својата група Slash's Snakespit, па ја формираше Velvet Revolver со поранешните учесници во Guns N'Roses и вокалистот на Stone Temple Pilots, Скот Велјанд.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче