Американците ќе соработуваат за развивање на ГЛОНАСС

ГЛОНАСС системот добива поддршка.

Зголемените несогласувања и разлики со САД не ѝ пречат на Русија да се договори со американците околу прашањето за разместување на опрема за поддршка на ГЛОНАСС на територијата на неколку американски држави. Во Роскосмос соопштија дека САД се согласува по ова прашање и дека наскоро ќе се извршат сите потребни консултации.

За возможноста за поставување станица за собирање на податоци од системот за диференцијална корекција и мониторинг на територијата на САД, се зборуваше уште есента минатата година. Инсталирањето на елементите на системот за диференцијална корекција и мониторинг во САД ќе има влијание врз точноста на одредување на координатите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња