МОК предлага Русија да го врати зимското време

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопшти дека враќањето на зимското сметање на времето од страна на Владата на Русија „ќе биде позитивно оценет“.

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопшти дека враќањето на зимското сметање на времето од страна на Владата на Русија „ќе биде позитивно оценет“. Според мислењето на МОК, оптималната временска разлика меѓу Сочи и Централна Европа е два часа (сега таа разлика изнесува три часа).

Кон крајот на декември, претседателот на комисијата за координација на одржување на 22-те Зимски олимписки игри, Жан-Клод Кили, за ова му напиша на потпретседателот на Владата на Русија, Дмитриј Козак, кој е задолжен за надгледување на припремите за Олимписките игри во Сочи. Кили смета дека одлуката за ова прашање мора да се донесе пред состанокот на телевизиските емитери (World Broadcast Meeting), на кој организаторите на Игрите во Сочи 2014 ќе го претстават финалниот распоред а претстојната Олимпијада. Состанокот ќе се одржи во градот домаќин од 26 до 29 февруари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња