Русите го зазедоа третото место според инвестициите во лондонската недвижнина. За една година потрошиле повеќе од 109 милиони долари, со што за 25% ги зголемиле вложувањата, споредено со 2011 година.
За купување куќи и станови во Лондон повеќе од Русите трошат само жителите на Сингапур и Хонгконг. Ова го зборуваат податоците од истражувањето на англиската компанија Knight Frank, која е експерт за меѓународниот пазар за недвижнини.
Средната вредност на зделките на оние кои купувале недвижност во Лондон не е уточнета, иако, како што се кажува во извештајот од истражувањето, кај азијатските муштерии таа изнесува 680.000 англиски фунти, додека кај русите - многу повеќе.
Русите на лондонскиот пазар не играат квантитативно, туку квалитативно. Соодветно, и цената на она што го купуваат е доста висока. Русите ги претпочитаат најскапите населби во Лондон, кажува експертот за пазарот на англиска недвижност, Елена Јургенева.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.