Кој гради брзи пруги во Русија

Украинската криза не е најстрашен период во економската историја на РФ. Германскиот бизнис не ги поддржува санкциите и продолжува со работата на проектите за изградба на брзи железници, планирано е да се привлечат и инвеститори од Кореја и од Јапонија.

Компанијата „Брзи магистрали“ е компанија-ќерка на „Руски железници“ (кои се сопственици на 75%+1 акција). Се занимава со иновациски проекти во сферата на железничкиот сообраќај, вклучително и проектирање и изградба на брзи пруги. Моментално нејзин главен проект е „Брзата магистрала Москва-Казањ“, која се гради по повод одржувањето на Светското првенство во фудбал 2018, „Брзи магистрали“ соработуваат со компаниите AECOM, PWC, Freshfields, Ernst&Young.

Александар Мишарин е генерален директор на „Брзи магистрали“ (од 6 февруари 2013), прв потпретседател на „Руски железници“ (од декември 2012). Порано беше губернатор на Свердловската област, а пред тоа раководител на Свердловската железница, прв заменик-министер за сообраќај на РФ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња