Наша музичка препорака: Максим Фадеев

Максим Фадеев е интересен лик на руската музичка сцена.


Во денешниов музички избор ви претставуваме еден навистина интересен лик на руската музичка сцена - Фадеев, Максим Александрович. Роден е 6 мај 1968 година во Курган. Сестран уметник, продуцент, композитор, кант-автор...Фадеев веќе долго е на руската сцена. Неговите теми се интересни исто како и неговиот живот.
На 17 годишна возраст, после тренинг од спортска сала е пренесен во болница заради сериозни срцеви проблеми. Докторите биле принудени да му прават масажа директно на срцето, а тој доживеал клиничка смрт. Тоа искуство го променило засекогаш, посакал да се отвори преку песната. Така станал музичар.
Денеска ви претставуваме една стара тема „Приспивна“, од албумот „Танц по скршено стакло“ (1990), за која самиот е автор на музиката и текстот. Уживај!

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.