Москва во кругот на светлината

Трет Меѓународен фестивал „Круг на светлината“


За македонски превод притиснете „СС“
Од 4-8 октомври во Русија се одржа третиот Меѓународен фестивал на светлината, сега веќе може да се каже - традиционален. Секоја локација вклучена во Меѓународниот фестивал на светлината: „Олимпискиот комплекс Лужники“, паркот „Царицино“, „Болшој театар“ и „Манеж“, се осветлени и споени во „Круг на светлината“, како што врпочем е и мотото на годинашниов фестивал.
Сите вечерни проекции се бесплатни и жителите на Москва уживат во мултимедијални и музички настани и интерактивни перформанси, ласерски и аудио-визуелни претстави и многу други содржини. Во центарот „Дигитален октомври“ се одвиваат и едукации. Гостите можат да уживаат во работата на познати руски и странски уметници, лајт дизајнери, да научат нови работи, но и да посетуваат работилници под водство на најдобрите руски и светски дизајнери на светло.
Точно за време на овој настан, во Москва пристигна и олимпискиот оган, кој го започна својот пат низ 83 руски региони.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.