Руска реч на македонски ви ја претставува една од најинтересните рок-групи - Аnimal Jazz. Тенденцијата на мешање стилови се гледа веќе во самиот наслов на бендот – впрочем едно од значењата на зборот „jazz“ е „немир“, „хаос“; додека зборот „animal“ укажува дека нивната музика се засновува на начелото на животот, односно природата. Така, од хаосот на еклектицизмот органски настанува целовит звук кој од една страна претставува необична хармонија, а од друга – жестока енергија. Самите музичари за нивниот стил велат дека тој преставува „тешка гитарска енергија“, иако заедно со тоа користат и електронски елементи. Нивната песна „Три линии“ („Три полоски“), е нивен познат хит кој долго се слушаше на руските музички канали. Ова е песна за летото кое изминува, за младоста и нејзината нескротливост и надеж за подобра иднина. Уживајте во нашиот музички избор за денеска.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.